Норвешка изгради еден од „најзелените“ аеродроми во светот

Нордиската канцеларија за архитектура неодамна заврши со изградбата на најзелениот терминал на аеродром во светот. Аеродромот во Осло во текот на ладните месеци се загрева со природен термален систем, а во текот на летото се разладува со снегот кој се складира од зимата. Новиот терминал на аеродромот привлекува максимално соларна енергија и светлина, особено во текот на познатите скандинавски зими.

Зградата е направена од еколошки материјали како локален камен и дрво од одржливи шуми. Освен што е „зелен“, двојно го зголемува капацитетот на аеродромот во Осло. Новиот терминал на аеродромот е инспирација за сите земји.

На глобално ниво авионите придонеле со 781 милион тони јаглерод диоксид во 2015 година, а таа емисија на штетни гасови само расте оттогаш до денес, па аеродромите се трудат да станат „позелени“. На пример, аеродромот во Делхи има фабрика за соларна енергија во склоп на аеродромот, аеродромот во Хелсинки е карбонски неутрален, додека аеродромот на Галапагос троши само обновлива енергија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 5 =