Samsung патентираше рол-таблет (ВИДЕО)

Samsung поднесе патент за регистрација со еден многу необичен уред. Се базира на употребата на флексибилен OLED дисплеј. Гаџетот личи на таблет, но ако не сакате да го користите како таков, дисплејот може да го соберете во една мала „цевка“ налик на пенкало и нема да заземете многу простор.

Телото на уредот може да биде цилиндрично или правоаголно. Од една страна има скенер за отпечатоци на прсти за да се отклучи уредот и да се пристапи до екранот. Овој рол-таблет е само дел од концептите на слични уреди од Samsung кои се појавија на интернет пред неколку години.

Според гласините, оваа година јужнокорејската компанија, конечно, ќе го пласира првиот паметен телефон на преклопување. Се уште е непознато дали компанијата ќе лансира и други уреди со флексибилни дисплеи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 − seven =