Генералниот директор на „Роскосмос“, Игор Комаров, изјавил дека до 2020 година Русија планира да почне со изградба на првата орбитална станица на Месечината. Таа ќе биде дизајнирана за слетување на луѓето од Земјата, а проектот веќе е развиен под наслов: „Deep Space Gateway”“.

Русите се во фаза на развој на модул за портал со што ќе овозможат да се спроведат експерименти и поправки на површината на природниот сателит на Земјата. Првите Руси кои ќе одат на орбиталната станица тоа ќе го направат со вселенски летала со полн екипаж. Според Комаров, бродот ќе биде лансиран во вселената од ракетата со среден дострел Сојуз-5.

Според Комаров во иднина се очекува вакви летови со екипаж Русите да направат и до планетата Марс.