Експерти од цела Европа соопштија дека успеале да снимаaт природен звук на планетата Земја, кој успешно им избегнува со децении наназад.

За звукот се знае уште од 1959 година, но се до 1998 година, експертите не можеле да докажат дека тој е реален. Сите досегашни обиди да се забележи биле неуспешни, бидејќи сите биле снимени на Земјата. За да успеат да го снимат, било потребно тоа да го сторат од самото дно на океан.

Научници од Велика Британија, Франција и Германија го проучувале овој феномен 11 месеци на дното на индискиот океан, источно од Мадагаскар. Податоците се забележани меѓу 2012 и 2013 година, кога експертите конечно успеале да ги лоцираат локациите на кои е возможно да се слушне овој специфичен звук.

И покрај тоа, звукот и понатаму неможел да биде регистриран со човечко уво, бидејќи фреквенцијата била 10.000 пати пониска од онаа на која сетилото за слух ги препознава звуци.

И покрај новите забележувања, се уште не е познато од што е предизвикан овој звук. Многумина веруваат дека се во прашање бранови, кои ги прави океанот, додека некои сметаат дека тој е предизвикан од промени во атмосферата.

„Благодарение на користените инструменти утврдено е дека звукот се слуша цело време. Промените во атмосферата се случуваат многу бавно, па тие не можат да бидат причина“, вели научник од Универзитетот во Колумбија.

Ваквите звуци би требало да им помогнат на научниците да дојдат до нови сознанија околу внатрешноста на Земјата, а возможно е да бидат регистрирани од повеќе различни делови на светот.

Извор: B92.net