Google ја лансираше апликацијата за управување на фајлови „Files Go”

За сите оние кои бараат начин подобро да ги контролираат фајловите на Android уредите, Google лансираше апликација која би можела да им помогне во тоа.

Оние кои ги следат најновите случувања на ова поле, сигурно забележале дека уште во ноември, на Google Play Store се појави апликацијата за контролирање на фајлови, која сега е достапна за сите корисници.

„Files Go” им овозможува на корисниците на Андроид на полесен начин да го ослободат просторот на своите уреди и да ги споделат содржините со другите корисници, дури и кога не се поврзани на интернет.

 Ова е една од апликациите кои се креирани во рамки на понудата Google Oreo 8.1 (Go edition) која претставува едноставна верзија на Андроид, наменета за уредите со послаби перформанси кои се дистрибуираат по пристапни цени.

Апликацијата ќе им биде од корист и на оние кои се ослонуваат на другите апликации за организирање на фајлови, а кои често се плаќаат или се оптеретени со реклами.

„Files Go” може да понуди и информации за тоа колку простор може да ослободи корисникот со отстранување на апликации кои не ги користи и други некорисни фајлови.

Доколку во рамки на уредот постои SD картичка, апликацијата би може да испрати одредени содржини на неа и со тоа да овозможи поголем простор за складирање. Една од интересните опции е и можноста за споделување на фајлови кога уредот не е поврзан со интернет, со пренос преку Bluetooth.

Извор: PCpress.rs

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + 4 =