Апликацијата популарна помеѓу тинејџерите, се обидува да привлече поголем број корисници, а за таа цел Snapchat планира да воведи редизајнирање со што работите би биле многу поедноставни на оваа социјална платформа.

Главниот човек на Snapchat, Еван Шпигел тврди дека редизајнот ќе се насочи исклучиво на приказните и оригиналните емисии, но ништо не кажа за кога е планиран. Судејќи според неофицијалните информации, надградбата треба да дојде на 4 декември и во апликацијата ќе се воведат неколку големи промени.

Иако самата апликација се врти околу камерата, таа повеќе нема да ги издвојува пораките и приказните во две различни категории. Наместо тоа, редизајнот целата комуникација ќе ја стави на левата страна. Ако повлечете со прстот десно, ќе ги добиете јавно финансираните приказни, како и содржината на медиумските партнери на Snapchat. Оваа секција треба да ги има и приказните на познатите.

Исто така, Snapchat воведува алгоритми кои ќе помогнат видео содржините да бидат прилагодени по ваш вкус.

„Снап Инк.“ потврди дека пристигнува надградбата, а во текот на објавата на приходите во вторникот даде до знаење дека на надградбата се работи интензивно.