Вознијак: Биткоинот е подобар и од злато

Стив Вознијак, ко-основачот на Apple, верува дека Биткоинот е подобар од златото и од американскиот долар, кој го нарече „лажен“ бидејќи владата во секој момент може да испечати уште.

Вознијак говореше на конференцијата Money 20/20 во Лас Вегас каде што кажа дека тоа што ќе има ограничен и однапред познат број на биткоини ја прави валутата стабилна.

– Постои одредена, конечна сума на биткоини што ќе постојат, рече Вознијак објаснувајќи дека владата може да одлучи да испечати повеќе пари поради политички причини поради што американскиот долар го нарече „лажен“, додека за Биткоинот рече дека е вистински и реален.

Тој додаде дека и златото не мора да значи дека има конечна сума, бидејќи луѓето откриваат нови начини за ископување.

– Златото се ископува и ископува. Можеби постои конечна сума на злато во светот, но кај Биткоинот тоа е јасно математички регулирано, а никој не може да ја промени математиката, смета Вознијак.

Тој напомена дека за него Биткоин е интересен од технолошката и математичката гледна точка, а не од неговата финансиска страна, иако беше еден од првите кои го оценија Биткоинот како валута.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen − five =