Нова екипа астронаути отпатува во вселената со ракетата Сојуз (Видео)

Ракетата Сојуз МС-06 е лансирана од космодромот Баиконур во Казахстан и во вселената понесе три нови членови на Меѓународната Вселенска Станица (МВС).

Во вселенското летало беше Александер Мискуркин од руската вселенска агенција „Роскосмос“, како и двајцата астронаути на американската вселенска агенција НАСА, Џои Акаба и Марк Ванде Хеј. Ракетата беше лансирана синоќа, а летот траеше 6 часа.

Ракетата Сојуз МС-06 е лансирана брзо откако ракетата МС-04, која пренесе тричлена експедиција, слета на Земјата.

Новите членови на МВС ќе им се придружат на тројцата членови на Експедицијата 53 кои се веќе таму, Ренди Бресник, Сергеј Риазански и Паоло Несполи. Тие во вселената ќе поминат пет ипол месеци.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six − 3 =