Се спојувате на бесплатни WiFi мрежи? Припазете на овие замки

Бесплатните Wi-Fi мрежи се супер работа кога сакате да заштедите, но треба да внимавате – голем број од нив всушност се замки кои можат да ве чинат многу повеќе отколку неколку потрошени мегабајти.

Исклучете го Wi-Fi кога не го користите!

Со исклучување на бесплатната мрежа решавате три работи: ќе ја штедите батеријата на апаратот, не ќе можете да се вклучите во лажна мрежа и ќе бидете поштедени од лавина напорни рекламни дојави. За екстра ниво на заштита додајте ја и екстензијата DoNotTrackMeкоја ќе ги блокира страниците и услугите.

Користете VPN

VPN, односно Виртуелна приватна мрежа, ви обезбедува анонимност додека сте онлајн: веб-страниците што ги посетувате ќе ја видат адресата на виртуелната мрежа, а не онаа што ја користите во моментот. Предупредуваме, VPN е платена услуга која ќе ја забави вашата мрежа. Цената на услугата не е астрономска, а доколку сте екстра-штедливи, постојат и такви VPN што не се наплаќаат.

Не дозволувајте вашиот апарат да ја запомни бесплатната мрежа 

Повеќето смартфони автоматски го запомнуваат хотспотот на шопинг-центарот или аеродромот кој претходно сте го користеле. Измамниците можат да го клонираат името на мрежата и да го уловат вашиот уред кога ќе се обиде да се вклучи на легитимен хотспот. Која е цената? Вашите пари, идентитет и податоци.

Добро обрнете внимание на името на мрежата

Хакерите доста често користат имиња за мрежи кои се многу слични со оригиналните. Единствена разлика е што автентичниот хотспот ќе бара некаков вид авторизација, додека лажниот ќе биде комплетно бесплатен. Наредниот пат пред да почнете да се спојувате на хотспот, секогаш прашајте ги вработените или сопствениците на објектите за точното име на мрежата.

Инсталирајте антивирус

Ова е многу важно: секогаш, буквално секогаш, имајте ажуриран антивирусен софтвер. Постојат стотици начини за хакирање и стотици нови се појавуваат секој ден, а ваша задача е барем да бидете во тек. Впрочем, вашиот антивирус ќе ве потсети да внимавате кога се спојувате на лажни хотспотови.

Користете мрежа која не бара од вас двостепено логирање

Мрежата што не бара пасворд или не ви праќа порака за потврда најчесто е лажна. За да бидете сигурни докрај, изберете хотспот кој пред поврзувањето ќе ви прати СМС. Ова ќе ве заштити и вас, но и нив од криминалци и измамници кои прават опасни дупликати на бесплатните Wi-Fi мрежи.

Извор: Tportal.hr

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 − 10 =