Интернет пребарувачот Chrome апсолутно доминира на пазарот на пребарувачи, без разлика за која платформа станува збор – најкористен е на светот. Сепак, она што е интересно е тоа што има огромна предност кога се работи за десктоп компјутерите, но на мобилните телефони е во потесна конкуренција со Firefox.

Моментално Chrome се користи на 47,3 % од мобилните уреди, потоа следува Safari со 21,2%, па UC Browser со 14,6%. На десктоп компјутерите, пак, Chrome се користи на 63,2%, Firefox на 14% и Internet Explorer/Edge на 9,3%. Вкупно, Chrome држи 53,9% од пазарот, Safari 14,4% и UC Browser 8,6%.

 Поради фактот дека оперативниот систем Windows 10 е се повеќе популарен, повеќе корисници добива и Edge, кој беше навистина модернизиран. Да се отстрани Chrome од врвот нема да биде лесно со оглед на тоа дека постојат постојат околу 2 милијарди Android уреди ширум светот на кои како примарен прелистувач се користи токму Chrome на Google.