Популарната апликација за временска прогноза AccuWeather наводно според доказите на истражувачите, собирала податоци за корисниците на Андроид за нивното движење и локациите кои ги посетиле. Сите овие податоци биле испраќани на компании кои потоа ги продавале.

Според наводите, од AccuWeather сето ова го правеле кога и локацијата на телефонот била исклучена. Иако за Андроид корисниците нема конкретни докази, освен што има сомнение дека ги следи корисниците, за iOS е докажано дека AccuWeather ги следи корисниците дури и кога е исклучена опцијата за пристап на локацијата.

Истражувачите кои се занимаваат со пронаоѓање слабости во софтверот на мобилните телефони, утврдиле дека AccuWeather за 36 часа испратил 16 пати податоци за користење на телефонот за еден сопственик на компанијата Reveal Mobile. Податоците кои апликацијата ги испратила според извештајот се GPS координати, правецот на движење, BSSID податоци, потоа податоци за Wi-Fi мрежа со која телефонот бил поврзан и податок дали Bluetooth бил вклучен.

Reveal Mobile, компанијата која ги примила податоците објави на својата страница дека податоците ги користела за профилирање на корисниците и и подобро разбирање за нивното движење.

Веднаш потоа, компанијата AccuWeather на своите страници призна дека наведените обвинувања се вистина и дека тоа е поради пропуст во кодот поради што апликацијата праќала податоци за Bluetooth i Wi-Fi поврзаноста. Од компанијата негираат дека собирале и праќале податоци за координатите и движењето на корисниците. Според изјавата, AccuWeather е посветен на максимално почитување на приватноста на корисниците и не се занимава со продажба на информации за своите корисници.

Компанијата Reveal Mobile, заедно со AccuWeather работи на исправање на сите пропусти кои наводно ненамерно довеле до испраќање податоци за корисниците надвор од апликацијата.