За на своите корисници да им понуди што е можно порелевантни информации, Google додаде нова функција.
Интеракцијата и носењето на одлуки врз темел на искуствата на останатите корисници, токму тоа е намерата на Google, од каде што на Google Maps и Google Search на сите корисници им овозможида им понуди услуга наречена „Прашања и одговори“.

Ова е сосема логичен потег на интернет гигантот, посебно во денешно време кога одлуката за избор на туристичка дестинација, ресторан, хотел или слично, во добар дел се темели на искуствата на корисниците и посетителите кои што веќе биле на местото кое што вие сакате да го посетите.

Без оглед на тоа за што станува збор, од сега па натаму на Maps и Search ќе имате на располагање дел кој што е наречен „Прашања и одговори“. Додека го исчекувате одговорот, имате опција да одговорите на нечие прашање, секако под услов да имате искуство во врска со тоа што некој го бара. Најрелевантните и најточни кориснички искуства ќе бидат сместени најгоре, а филтрирањето и проверката на релевантноста секако е во домен на алгоритмите на Google.

Од Google ќе ги контактираат и сопствениците на субјектите за кои што корисниците поставуваат прашања за што поскоро да биде добиен точен одговор, а сите тие кои што имаат свои субјекти на Google Maps, ќе имаат можност за секција „Често поставувани прашања и одговори“.

Од Google потврдија дека „Прашања и одговори“ пристигнуваат кај сите корисници ширум светот, па затоа проверете кога последен пат сте ги ажурирале апликациите на Google на своите паметни телефони.