Загребачка банка претстави нов начин на отворање сметка преку мобилен телефон. За отворање на сметка доволно е дамо да имате паметен телефон, да ја инсталирате апликацијата m-zaba и лична карта.

Откако ќе ја отворите апликацијата потребно е да ја скенирате личната карта, да направите селфи и да изберете каква сметка сакате. Процесот е завршен за само неколку чекори, а процедурата гарантира целосна безбедност и ги задоволува сите законодавни критериуми.

Загребачка банка на сите кои оваа услуга ќе ја препорачаат на пирјател со испраќање промо код преку Viber, Whats App, e-mail или SMS или отвориле сметка по препорака нема да им наплаќа надомест до една година.

Извор: Zimo.hr