Нов ден, нови протечени детали за iPhone 8. Овој пат, видеото ни прикажува црн уред кој изгледа како премиум телефон на компанијата Apple. Можно е дека е во прашање тест модел, но и доказ дека Apple подготвува модел кој ќе изгледа вака, а тоа ќе биде еден од претстојните модели на iPhone.

Видеото е долго само пет секунди и е со слаб квалитет, но клучните компоненти се видливи. Тука се двете камери вертикално поставени на задниот дел, додека од предната страна е присутен уште еден дуал камера систем. Од страна, видливи се копчиња за вклучување и јачина на звукот.

Slashleaks сугерира дека на задната страна на телефонот ќе биде сместен сензор за отисоци, под Apple логото, но тоа не се гледа на ова видео. Ситуацијата со скенерот за отисоци од ден на ден е се повеќе збунувачка и конечното позиционирање веројатно нема да го знаеме се до објавата на телефонот.