Први јасни фотографии од iPhone 8

Сега кога iPhone 8 влезе во масовно производство, можеме да очекуваме уште повеќе информации за уредот отколку што ги имавме досега. Не беше потребно да помине многу време за да се појават првите појасни фотографии на претстојниот премиум телефон.

Фотографиите ја прикажуваат и предната страна и задниот дел на уредот. На задната страна се наоѓа сензорот за отисоци. Нема фотографии кои ги прикажуваат страничните делови на смартфонот, но веројатно сензорот не е сместен ни тука. Ова ја остава опцијата за препознавање на лицето во рамките на Apple Pay.

Уште една слика која ја објави веќе познатиот  Apple ‘leaker’ Еван Блас, укажува на масивен екран од предната страна што се простира од раб до раб. Иако нема многу информации за самиот уред, сликата ја покажува предната камера или можеби две, разни сензори, а и наголемо се зборува дека уредот ќе има технологија на препоознавање на лицето за отклучување на смартфонот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − 6 =