Во денешно време би бил дозволен пренос во живо на Facebook од рушењето на кулите близначки во Њујорк

Постојат преку 100 интерни прирачници, мапи и табели кои даваат увид во тоа што Facebook смета дека е прифатливо, а што не во случаите кога има насилство, говор на омраза, тероризам , порнографија, расизам и автодеструктивно однесување.

Забранета е секаква директна закана како „нека некој пука во Трамп“, но дозволени се детални упатства за тоа како да се убие жена. Злоставувања кои содржат вулгаризми и зборови како „умри“ се дозволени, затоа што според Управата на FAcebook не претставуваат закана.

Во случајот на 11 септември, Facebook го смета за историски настан и затоа не би бил прекинат.

„Неодамна исто така одлучивме да дозволиме видео снимка од Египќанец кој сам се запалил за да протестира против зголемувањето на трошоците од страна на владата“, изјавува Моник Бикерт од Управата за глобална политика на Facebook.