Samsung HMD Odyssey овозможува неверојатно доживување со Dual AMOLED екраните со висока резолуција, поле на гледање од 110 степени, АКГ слушалки и вградено 6 DOF сеопфатно следење на положбата
Самсунг Електроникс во партнерство со Мајкрософт, денес го најави Самсунг ХМД Одисеј (“Samsung HMD Odyssey”) – највозбудливиот уред со Виндоус систем за Измешана Реалност (Windows Mixed Reality). Едноставен и брз за прилагодување, “Samsung HMD Odyssey“ обезбедува врвно доживување на виртуелната реалност, со супериорен квалитет на сликата и највисока резолуција на екранот, овозможувајќи им на корисниците да го почувствуваат најновото поместување на границите на виртуелната реалност во едно ново, подобрено ниво.
“Samsung HDM Odyssey е уред со високи перформанси коj како и сите наши производи овозможува значајни иновации во животите на нашите корисници. Дизајниран во партнерство со Мајкрософт, Samsung HMD Odyssey уредот ги транспортира корисниците до следното ниво на измешаната реалност на Виндоус, која им претставува ново искуство на виртуелната реалност – водечко во индустријата.“ – изјави ВајЏи Чои (YG Choi), Сениор Потпретседател на Бизнис тимот за персонални компјутери во Самсунг Електроникс.
Искуство исто како во реалниот, вистински живот
Со двојни 3,5 – инчни AMOLED дисплеи, “Samsung HMD Odyssey“ овозможува појаки бои, какои подлабоки црни нијанси, допринесувајќи за поостра и поживописна слика. Полето на гледање од 110 степени им овозможува на корисниците да ги откријат најголемите виртуелни искуства околу нив.
Кога станува збор за звукот, “Samsung HMD Odyssey“ пристигнува со 360° просторен звук, овозможувајќи им на корисниците целосен “surround” систем преку премиум вградените АКГ слушалки.
Корисниците исто така може да разговараат со други играчи, без потреба за вадење на слушалките, со помош на вграден микрофон.
Неверојатно лесен почеток
Искуството на Виндоус системот за измешана реалност (MR) со “Samsung HMD Odyssey“ уредот е концептуализирано за да им го овозможи на корисниците најдоброто возможно искуство досега. За разлика од типичните екрани прикачени на главите на корисниците, со помош на овој уред не мора да инсталирате никакви дополнителни сензори за движење – едноставно се поврзувате со вашиот компјутер и започнувате. Со сеопфатно следење на положбата , корисниците не се ограничени на лимитиран простор за време на нивното виртуелно-реално искуство.
За уште поневеројатно искуство, “Samsung HMD Odyssey“ пристигнува со “Six Degrees of Freedom” сензор (6 DOF) кои овозможува интуитивно и природно движење.
Со прилагодливото контролно тркало, “Samsung HMD Odyssey“ е ергономски дизајниран за да освозможи лесно и удобно доживување.
Алекс Кипмен , Стручен соработник на компанијата Мајкрософт изјави: “Возбудени сме што можеме да му посакаме добредојде на “Samsung HMD Odyssey“ во Виндоус семејството на уреди за измешана реалност. Ова е неверојатен производ и уште еден важен чекор на патувањето на измешаната реалност на која ние во Мајкрософт се наоѓаме. Со “Samsung HMD Odyssey“ тимот во Самсунг го разви уредот за измешана реалност на Виндоус кој ќе ги воодушеви нашите обожаватели кои сакаат да се нурнат во светот на измешаната реалност во празничниот период.“
“Samsung HMD Odyssey“ пристигнува заедно со интегрирани АКГ слушалки и низа микрофони за гласовни команди, како и два контролори на движење. “Samsung HMD Odyssey“ќе биде достапен подоцна оваа година во САД, Кина, Кореа, Бразил и Хонг-Конг, а нарачките кои ќе бидат овозможени само за САД започнуваат на 3. Октомври.
За повеќе информации за “Samsung HMD Odyssey“ посетете ги: http://www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/galaxy или www.samsung.com.