Во САД првпат се појавија смртоносни стршени од Азија, кои се долги повеќе од 5 сантиметри, предупредуваат американски научници, додавајќи дека се загрижени оти тој вид би можел и да се насели во САД.
Научниците потсетуваат дека во Јапонија секоја година од убод на стршени-убијци страдаат 50 луѓе. Овие стршени имаат „очи како Спајдермен, портокалови и црни линии кои минуваат низ телото како кај тигар и широка вилица и крилја како кај мал змеј“, пишува The New York Times.
Тој агресивен инсект, наречен „стршен убиец“, може да уништи цела кошница пчели за неколку часа, а со својата вилица можат да пробијат и пчеларски заштитен костум.
Пчеларите во Вашингтон веќе ги виделе на дело овие „убијци“.