Се работи за астероидот 1998 OR2, кој помина покрај Земјата на оддалеченост од 6,3 милиони километри. Овој астероид е ретко „чудовиште“ од вселенска карпа, широк е два километра, а беше доволно голем да го видат бројните астрономи.
Астероидот беше најблиску во 2:55 часот по пацифичко време и продолжи во длабоката вселена. Ова беше првата блиска средба со некој голем астероид од 2017 година.
Оваа недела покрај Земјата минаа и помали астероиди. Според НАСА, најмалку 5 астероиди во последните 7 дена беа поблиску до нашата планета од Месечината.
Ниту еден од овие астероиди не беше поголем од просечна куќа, а астероидот 2020HS7 беше блиску до геосинхроната орбита во која се наоѓаат многу поголеми сателити.