Motorola ги објави двата нови паметни телефона, Edge и Edge+, кои ќе ги преземат водечките позиции во понудата на познатиот производител. Секако дека Edge+ ќе привлече повеќе внимание, бидејќи се работи за првиот флегшип уред, кој компанијата го лансира после долго време и со тоа се врати на местото, кое своевремено го пополнуваше Moto Z serija телефони.
Motorola Edge+ го покренува Snapdragon 865 чипсет и располага со 12GB RAM, како и 256GB UFS 3.0 простор за складирање. Model Edge користи Snapdragon 765G SoC, кој исто така поддржува 5G. Комбинацијата на меморија и простор за складирање е исто така поинаква, бидејќи Edge нуди 128 GB интерна меморија и 6 GB RAM.
Двата телефона користат импресивен 6,7-инчен AMOLED екран со 1080p+ резолцуија, кој е заоблен од страна. Екранот може да се пофали со напреден одзив, бидејќи поддржува освежување од 90 Hz, што сите содржини и операции што се извршуваат на телефонот ги прави попријатно искуство. Екранот поддржува и HDR10+ технологија.
Кога станува збор за камероте, Edge+ го користи последниот збор на технологијата, донесувајќи голем сензор од 108 мегапиксели, по Xiaomi и Samsung. Големиот сензор без сомневање ќе обезбеди импресивни фотографии, достојни на телефон од највисока категроија. Покрај тој сензор, на задната страна има и место за уште два сензора кои ќе придонесат за разноликоста на опциите на снимање. Се рабори за ултраширокиот сензор од 16MP, како и за телефото сензорот од 8MP за зумирање. Производителот ветува и 6K снимање на видео записи.
Кога се рабооти за моделот без суфикс Plus, кај него главниот сензор на задната камера ќе има резолуција од 64MP. Покрај тоа, и овој модел ќе има троен систем за снимање од задната страна, со идентични останати сензори, како и систем на ласерски автофокус. Кога се во прашање предните камери, двата телефона го користат истиот, испробан сензор од 25MP. Таа е сместена во аголот на големиот екран, во punch-hole стил.