Медицинскиот Универзитет во Виена моментално спроведува истражување за анализа на имунолошкиот одговор кај луѓето по инфекцијата на коронавирусот.
Резултатите би требало да помогнат во разбирање на реакцијата на имунитетот и поставување на основи на вакцината, а во студијата учествуваат луѓе кои што закрепнале од Ковид-19.
„Истражувањето треба да ни помогне да сфатиме дали и кој развива имунитет по инфекцијата. Откритието на истражувањето е наменето за поставување на темелите за развој на вакцината“ – изјавил Рудолф Валент од Центарот за патофизиологија, инфектологија и имунологија на Медицинскиот Универзитет во Виена.
„Мора да знаеме дека вирусот е сличен на грипот и дека може да дојде до повторна инфекција“ – објаснува Валент.
Истражувачите од Центарот за патофизиологија, инфектологија и имунологија исто така развиваат тест кој ќе им овозможи да истражат многу антитела да инхибираат прицврстување на вирусот на ќелиите домаќини, а планирано е и истражување на ќелискиот имун одговор.
„Анализата ќе биде многу сложена и нема да може веднаш на испитаниците да им кажеме дали се имуни или не. Се надеваме дека пред следната сезона на Ковид, од која се плашиме, ќе можеме да кажеме дали и колку од луѓето се имуни“ – наведува Валент.
Моделот на откривање на антителата кај пациентите, покажува кои делови од вирусот треба да бидат во вакцината.
„Од алергиите во имунотерапијата научивме дека одговорот на антителата може да го произведеме во вакцина“ – објаснува Валент.