Од 327 нови модели кои се достапни на пазарот во САД, само 41 може да се набават во мануелен пренос
Просечен млад возач во САД веројатно никогаш не наишол на автомобил опремен со мануелен менувач, пренесува CNBC.
Од друга страна, постои теза дека нов возач може да стане вешт во управувањето со автомобил само ако научи да користи мануелен менувач. Да не зборуваме за вистинските автомобилски ентузијасти кои секогаш им даваат приоритет на возилата со мануелен пренос во однос на оние со автоматика.
Сепак, во САД, огромното мнозинство на возачи се одлучуваат за автомобили опремени со автоматски менувач заради леснотијата на користење на овие возила, а ваквиот став е во корелација со понудата на нови модели во оваа држава.
CNBC наведува дека само 41 нов модел (од 327) на американскиот пазар можат да се купат во мануелен менувач, што претставува само 12% од вкупната понуда на автомобили.
Желбата за поедноставна употреба на автомобилот, кога станува збор за системот за пренос, датира уште од пред Втората светска војна. Првично, само неколку возачи можеле да си дозволат вакви возила. Од овој период до денес, популарноста на мануелниот пренос во САД константно се намалува. Ова е особено забележливо во последно време.
Така, во 2006 година, 47% од новите модели на американскиот пазар можеле да се купат со мануелен менувач, за една деценија подоцна, во 2006 година, тој процент да се спушти на 27%.
Извор: Додај Гас