Читањето е позитивна животна навика на прогресивните луѓе која треба да ја усвои секој што сака да биде успешен, а особено ако сака да ги подобри деловните вештини и способности. Сепак, литературата не ја сфаќајте како задолжителна работа, туку пристапете им на книгите како на извор на знаење за подобра иднина.
Марк Цукерберг
Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг како своја новогодишна резолуција во 2015 година одлучил да чита по една книга на секои две-три недели, по чија иницијатива е направена страницата „Година на книгите“. Од вкупно 23 книги што ги прочитал таа година, посебно се истакнува „Креативност“ од авторите Ида Катмула и Ејми Волис која открива што стои зад креативноста преку примери од компанијата Пиксар што успешно ги применува во своето работење.
Гај Кавасаки
Популарниот маркетинг гуру, автор, говорник и претприемач ја препорачува книгата „Ефективниот извршен директор: Дефинитивен водич за завршување на вистинските работи“ од авторот Питер Ф. Дракер. Ако нему му помогнала, нема сомнеж дека ќе ви биде корисна и вам.
Иванка Трамп
Иванка Трамп, ќерка на американскиот претседател, воедно и успешна деловна жена, на својот инстаграм профил објави дека ја чита книгата „Силата на вољата“ еден од бестселерите на Њујорк Тајмс, чии автори се Рој Ф. Баумајстер и Џон Тиерни. Книгата го реактуелизира прашањето за перцепцијата на човечката доблест – самоконтролата.
Џеф Безос
Основачот на глобалниот сервис Амазон, инспирацијата ја нашол во книгата на Џим Колинс, „Изградено за да трае – успешни навики на визионерските компании“, која ги разбива митовите и дава функционални насоки за градење на компании што ќе го издржат тестот на времето.
Ричард Бренсон
Бизнис магнатот, инвеститор и филантроп, основач на Вирџин Груп, Ричард Бренсон, иако има напишано неколку свои книги, воодушевен е од изданието „Лекции за животот, љубовта и храброста“ од Ричард Стенгл, со предговор напишан од Мендела.
Ова е уште еден доказ дека големите луѓе инспирираат други големи луѓе, но и секогаш се грижат да се опкружат со прогресивни умови кои се залагаат за позитивни деловни практики што им овозможуваат продуктивност, резултати и успех. Во таа смисла тие се во постојана потрага по решенија што поволно влијаат на условите за работа и деловното опкружување, но и на ефектите во поширока смисла.
Благодарение на овие модерни информациско-комуникациски решенија секоја книга достапна онлајн лесно станува на дофат на раката на секој современ бизнисмен кој развил или има своја резолуција да ја надградува позитивната животна навика на читање книги, но и на консултативна литература од доменот на неговиот бизнис.
Едно од интегрираните, паметни решенија кои го овозможуваат тоа е Magenta 1 Business пакетот на Македонски Телеком, што нуди пристап до информации од каде било, документи на Cloud, интернет за во канцеларија, но и во движење, неограничена комуникација, безбедност, факс услуги без употреба на хартија и многу други придобивки.
Добрите решенија како Magenta 1 Business пакетот ја подигнуваат работната продуктивност, но и способноста за управување на работата на конструктивен начин, со минимум потрошено време и максимум придобивки.
Деловните корисници на Magenta 1 Business пакетот добиваат и буџет за набавка на смартфон, лаптоп, телевизор, принтер, компјутер, таблет по личен избор и тоа само со потпишување договор на 24 месеци. Дополнително, можат да ја изберат најдобрата интерактивна телевизија MaxTV за во канцеларија, а со услугата MaxTV GO таа станува достапна и во движење, преку кој било уред.
Повеќе информации за Magenta 1 Business побарајте на telekom.mk во делот за деловни корисници, на 120 или во најблиската Телеком продавница.