Истражувачите од Монаш универзитетот развија флексибилни и лесни соларни ќелии кои во иднина би можеле да најдат примена во носечките уреди. На пример, паметните часовници можеби повеќе нема да мораат да користат батерии, туку ќе се напојуваат само на овој начин.
Соларните ќелии се 10 пати потенки од човечкото влакно (0,3 микрометри), исклучително се лесни и што е најважно, обезбедуваат доволно енергија (9.9 W по грам), што е повеќе од доволно за напојување дури и на паметните часовници кои бараат најмногу енергија. Ако биде прифатена, оваа технологија ќе овозможи долготрајно функционирање на уредите. Тестовите покажаа дека по 4.700 часови, капацитетот опаднал само за 4,8 проценти, а дека ваквите соларни ќелии имаат век на траење од 20.000 часови.
Задачата на истражувачите била во тоа да се развиен механички отпорен материјал кој апсорбира светлина, како и при тоа да се добие висок степен на ефикасност. Овие соларни ќелии имаат ефикасност од 13 проценти, што е нешто пониско од конвенционалните соларни ќелии (чија ефикасност над 20 проценти). Сепак, за уреди кои не се големи потрошувачи, тоа е сосема доволно. А голема предност е што произодството на ваквите соларни ќелии е релативно едноставно и лесно.