Астрономите ја забележале досега најмоќната супернова, а најголемата досега регистрирана експлозија на ѕвезда е десет пати посилна од нормалната супернова и 500 пати посјајна.
Ова го пренесуваа научниците од Британија и САД во истражувањето објавено во списанието Nature Astronomy.
Астрономите од универзитетот во Бирмингем и од Харвард-Смитсониан центарот за астрофизика во САД, своето откритие, наречено SN2016asp, го опишале како “екстремно силна супернова”.
Освен по големината и сјајот била спектакуларна и по други својства, рекол ко-авторот на истражувањето Едо Бергер од универзитетот во Масачусетс.
A supernova brighter and larger than any other on record has been discovered by scientists. https://t.co/vr1jtmb3oV
— CNN (@CNN) April 13, 2020
Таквата супернова емитува само еден процент од својата енергија во видливо светло, но SN2016aps емитува многу поголем дел од вообичаеното.
Научниците процениле дека SN2016aps има енергија како 200 квадрилиони гигатони ТНТ експлозив.
Експлозиите како оваа, сметаат научниците, би можеле да ни помогнат да дознаеме за супермасивните ѕвезди кои можеле да постојат во раната вселена.