Вселенскиот брод Сојуз МС-16 успешно се припои за Меѓународната вселенска станица.
Со бродот пристигнаа руските космонаути Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер и американскиот астронаут Крис Касиди.
Екипажот прво ќе ја провери процедурата на херметичко закачување и ќе го израмни накривувањето меѓу бродот и Станицата, по што Иванишин, Вагнер и Касиди ќе можат да влезат во станицата.
Претходно Иванишин изрази мислење дека во следните неколку месеци Станицата ќе биде најбезбедното место во време на пандемијата од коронавирусот на Земјата.
Тричлениот екипаж ќе мине 196 денови на Станицата, а за овој период е планирано да извршат над 50 научни истражувања и експерименти.