Twitter ќе го промени ограничувањето на бројот на карактери во твитовите, па во иднина пораките, наместо досегашните 140 карактери ќе можат да содржат 280 карактери.
Ова е јасно од соопштението на официјалната веб страница на компанијата. Таму се истакнува дека многу потрошувачи имаат сериозни непријатности поради лимитот од 140 карактери во еден пост.
Сепак, иновациите нема да бидат достапни за јапонските, кинеските и корејските корисници, бидејќи овие јазици овозможуваат да се пишуваат помалку карактери. Во моментов нема индикации кога ќе стартува новата функција. Мрежата на Twitter е основана во 2006 година и моментално има околу 320 милиони активни корисници.
Коосновачот на Twitter и извршниот директор на компанијата Џек Дорси од порано најави дека ограничувањето на бројот на карактери ќе биде променето. Од компанијатата се надеваат дека оваа вест со големо воодушевување ќе биде прифатена од страна на корисниците.