Компанијата Sony го претстави новиот елегантен дизајн на безжичен контролер за PlayStation5. Се очекува тој да им овозможи на гејмерите уште подобро искуство со игрите.
Кога беше претставен во 2013 година, гејмерите и програмерите го оценија безжичниот контролер DualShock 4 како најдобар контролер на PlayStation досега, а особено пофалена карактеристика беше воведеното копче „Сподели“. Ова постави големи очекувања за тимот за развој на PlayStation, како и голема задача да создадат нешто уште подобро.
Според блогерот Хидеаки Нишино, потпретседател и менаџер на Sony, компанијата решила да ги задржи сите карактеристики на DualShock 4, додавајќи нова функционалност и редизајн на контролорот. Во дискусија со програмерите, заклучиле дека многу важни сегменти на секоја игра се чувството за допир, како и аудио доживувањето, а токму овие елементи се значително подобрени со новиот контролер кој доаѓа со PS5.
На пример, со контролорот DualSense, играч кој вози автомобил на каллив терен ќе го има истото чувство под неговите прсти како што тоа го прави во реалниот свет.
Батеријата на контролерот се полни, а наместо копчето „споделување“, ново е копчето „создавање“, а повеќе детали Sony ќе објави подоцна.
Една интересна карактеристика е вградениот микрофон, така што играчите дури можат и да разговараат со соиграчите без слушалки. Очигледно, ако планирате да зборувате подолго, производителите сепак препорачуваат да користите слушалки.
Извршниот директор на Sony, Џим Рајан изјави дека новиот контролер DualSense ќе ги помести границите, и заедно со PlayStation 5 ќе им донесе на гејмерите нова димензија и возбудливо искуство кое буквално ќе ги внесе во играта.
Точниот датум на објавување на новиот PlayStation 5 сè уште не е објавен.