Galaxy Buds+ се последните актуелни, безжични слушалки од Samsung. Дизајнирани се слично на Galaxy Buds и IconX моделите, кои се појавија пред нив, но изгледа дека јужнокорејската компанија планира драстична измена на дизајнот за следниот модел на слушалки.
Се појавија рендери на претстојните слушалки, кои го носат името Galaxy Buds Bean, а откриваат единствен дизајн и опции на бои. Драјверите влегуваат директно во ушниот канал, додека хардверот на слушалките е сместен во долниот дел.
Според наводите, изворите до кои дојде дојавувачот Roland Quandt, сугерираат дека слушалките ќе го имаат бројот на модел SM-R180 и дека ќе пристигнат со два драјвера. Би требало да имаат и три микрофони, како Galaxy Buds+ моделот.
Galaxy Buds Bean слушалките се уште се во фаза на развој, така што може да дојде до помена на големината и капацитетот на батеријата. Quandt истакнува дека една слушалка има големина од 2,8 сантиметри. Производот би требало да биде подготвен до лето, а Galaxy Buds Bean би можеле да се појават заедно со Galaxy Note20 линијата.
Поврзани артикли