Според наводите на јужнокорејскиот медиум TheELec, Huawei ексклузивно ги користи OLED екраните на Samsung за својот претстоен P40 Pro+ премиум телефон.
Извештајот сугерира дека и за P40 Pro моделот, Huawei ќе се потпира на комбинација на OLED панелите на Samsung, BOE и LG Display, додека P40 ќе ги користи само OLED екраните кои ги креирал BOE.
Овој извештај не се поклопува со претходно протечената листа снабдувачи на компоненти, кога сугерираше дека BOE и LG Display се снабдувачи за Huawei P40 seriju. Исто така, Извршниот директор на BOE подоцна објави дека кинескиот производител ексклузивно произведува панели за новата P40 серија.
Huawei P40 има 6.1-инчен 1080 x 2340p OLED екран, додека P40 Pro и P40 Pro+ поседуваат 6.58-инчни 1200 x 2640p OLED дисплеи.
Извештајот наведува и дека само околу 20 проценти од смартфоните на Huawei користат OLED екрани, но дека компанијата има намера поголем број од своите уреди да ги префрли на OLED технологијата.