Кинеската програма за истражувања на планетата Марс за 2020 година предвидува испраќање роботизирани возила кои што „ќе собираат податоци за
околината, морфологијата, структурата нa тлoто и атмосферата на Марс”, изјави водачот на мисијата Ченг Ронгчао.
Тој на денеска отворениот Меѓународен форум за вселенски истражувања во Пекинг, објасни дека првата кинеска сонда на Марс ќе понесе 13 видови уреди, меѓу кои и шест ровер возила, како и носач на ракети, јави Синхуа. Патот до Марс е предвидено да трае седум месеци.