Машински инженери од Универзитет во Колумбија создадоа синтетички мек мускул којшто е многу
поедноставен за изработка и функционирање од сите останати, но и три пати посилен.
Вештачкиот модел е базиран на изгледот и функцијата на природниот мускул, пишува New Atlas.
Направен е од силиконска гума опремена со микро меурчиња од етанол, коишто придонесуваат за ниска
густина и голема еластичност. Може да биде испечатен со 3D техника во било која форма, а потоа да се
активира со електрична енергија благодарение на тенка жица вградена внатре.
Она што е важно е дека мускулот се прави лесно, евтино и на сосема безбеден начин и може да ја менува
формата на илјадници начини. Има способност да притиска, да влече, да се витка, превртува и да
подигнува тежина.
Следен чекор на тимот е да ги замени жиците што се внатре во мускулот со вградени спроводни
материјали, како и да го подобри времето за реакција и рокот на траење на мускулите.