Facebook најави дека ќе донира еден милион долари на Црвениот крст во Мексико како помош за обнова на најпогодените области од силниот земјотрес кој предизвика големи штети и жртви неделава.
Американскиот технолошки гигант објави дека соработува и со Фондот за деца при Обединетите Нации, со цел да ги пренаменат и надоместоците за донации од Фејсбук страната на УНИЦЕФ.
Земјотресот со јачина од 7.1 степени го погоди Централниот дел на Мексико во вторникот. Досега бројката на загинати достигна над 200 луѓе, но спасувачките екипи се уште трагаат со стотици затрупани под урнатините.