Преостана само уште еден ден до почетокот на јубилејниот Викенд Медиа Фестивал, најголемото случување за медиската и комуникациската индустрија во југоисточна Европа, кое оваа година се одржува од 21. До 24. Септември во просторите на старата фабрика за тутун во Ровињ. Своето јубилејно десетто издание Викенд Медиа Фестивал ќе го одбележи со најквалитетна и најбогата програма досега, интересни предавачи и бројни панели и дискуции во кои ќе уживаат преку 4.500 учесници.
Меѓу големиот број на предавања се истакнува “ЕДЕН НА ЕДЕН: Како да имате голема публика за сериозни вести на која Џон Лоренс (Јon Laurence), водител на наградуваниот оддел на британскиот Канал 4, ќе објасни како да го освоите вниманието на публиката од 16 и 34 години на платформите кои ги користат, со многу сериозни вести.
На панелот “Baby You Can Drive My Car“ претставниците на Убер (Uber), ФликсБас (FlixBus), Некстбајк (Nextbike), Туро (Turо)и ХЕП(HEP) ќе дискутираат за иднината на транспортот како и за алтернативни решенија и нови модели услуги од страна на превозниците.
Посетителите на ова јубилејно издание на фестивалот ќе можат да пробаат неколку алтернативни облици на превоз низ Ровињ. Една од нив е убеРИШКА, Убер услуга на возење ришка која ќе биде бесплатна и достапна само во текот на Викенд Медиа Фестивал, како и еднократната промоција на Туро, кој за прв пат ќе ги понуди своите услуги во Хрватска. Дополнителни две опции за превоз ќе обезбедат Рог ПонииНекстбајк кои ќе овозможат бесплатно користење на велосипеди.
Дел од програмата на ова десетто издание на фестивалот ќе биде посветена на нордиските земји кои се сметаат за пример за развој, нови технологии и регионална соработка. Околу нордиската пракса ќе говори Мери Гестрин (Мary Gestrin) од Нордискиот совет на министри, додека Андрес Гранберг (Аndres Granberg) ќе говори повеќе за вложувањето во Фејсбук во Шведска – пресврт за нордиските земји.
Покрај сериозните теми и дискусии, на богатиот репертоар е и прославата по повод 10 години постоење на Викенд Медиа Фестивал, која започнува веќе во четврток, 21. Септември, со голема забава за отворањето на фестивалот. Петок, 22. Септември, е резервиран за настапот на Сајси ЕмСи, Лемпшејд Медиа(Sajsi MC, Lampshade Media), по што следува претставувањето на “Ќе се пробудам утре“ на Јегермаистер (Jagermeister): Ниплпипл (Nipplepeople), Ник Ороси (Nik Orosi) и Фил Џексон (Pill Jackson). За крај на прославата на јубилејното издание, во сабота, 23. Септември е резервирана за вистинско музичко задоволство: Нено Белан (Neno Belan)и Фиуменски (Fiumensi) ќе ги свират “Ѓаволи“.
Повеќе информации на weekendmediafestival.com.