Пејачката Аврил Лавињ успеа да ја победи Бијонсе во нешто, иако оваа титула не можеме да кажеме дека е подеднакво ласкава како и некои други. Таа овојпат официјално стана најопасна личност на интернет мрежата…
Компанијата којашто се занимава со безбедноста на интернет мрежата, McAfee, oбјави листа со имиња на познати личности за коишто најмногу се врзуваат вируси токму на интернет мрежата.
Така, според нивното истражување на првото место овојпат се најде Аврил Лавињ, со 14.5 отсто шанси да “заработите” вирус, додека легално ја преземате токму нејзината музика.
Бруно Марс овојпат се најде на второто место, а веднаш зад него се Карли Реј Џепсен, а потоа Зејн Малик.
Понатаму на листата се редат имињата на Селин Дион, Калвин Харис, Џастин Бибер, Паф Деди, Кејти Пери и Бијонсе, којашто оваа година заврши како десетта на оваа листа.
Извор: B92