Многу научници се загрижени поради непознаниците кои ќе се ослободат од гасовите при топењето на пермафростот, односно зоната на вечен снег и мраз.
Ослободувањето на јаглерод од замрзнатото земјиште, кој се собирал во земјата илјадници години, може драстично да ја загрее нашата планета. Тоа во што научниците не се сигурно, е дали ослободениот јаглерод ќе биде јаглерод-диоксид, или уште поопасен метан, кој произведува ефект на стаклена градина, наведува “Popsci”.
Пермафростот е земјиште кое е замрзнато цела година. Илјадници години билките и животните умирале, а со замрзнувањето на обогатеното земјиште се заклучувал и јаглеродот во него.
View this post on InstagramA post shared by Jola (@mylife__myadventure) on
Кога пермафростот ќе се одмрзне, микробите се во состојба да ја разградат неговата органска материја. Во влажното земјиште кое е збогатено со кислород, оваа органска материја во главно се претвора во јаглерод-диоксид. Во влажни услови со малку кислород, наместо тоа се претвора во метан, кој ја загрева планетата 86 пати повеќе од јаглерод диоксидот.
Дури и ако не почувстуваме нагло зголемување на метанот, тоа не значи дека Арктикот не е во ризик да стане главен извор на јаглерод. Пермафростот и натаму се губи поради климатските промени. Дури и ако во главно се претвора во јаглерод-диоксид, тоа е уште многу емисија од тоа земјиште. Повеќе јаглерод-диоксид од метан не мора да значи дека е подобро, со оглед на тоа јаглерод-диоксидот долго опстојува во атмосферата, се задржува и ја загрева планетата подолго од метан.
Извор: B92.net