Huawei за 22 септември го подготвува G10 (кодно име Maimang 6) телефонот, а сега се појавија фотографии во живо од претстојниот модел. Најновите фотографии го потврдуваат она што веќе го знаеме – по две камери на задната и предната страна, а двата система имаа блицеви.
Дизајнот на Huawei G10 е едноставен, но тоа е и очекувано од уредот кој стигнува со Kirin 659 чипсетот. Присутен е кружен сензор за отисоци од прсти под камерите на задната страна. На задниот дел се наоѓаат и две антени, во врвот и дното на телефонот.
Предниот панел открива дисплеј со формат 18:9, а рамките околу рабовите се стандардни за телефон од средниот сегмент.