Apple не го менуваше актуелниот дизајн на MacBook Air лаптопите од 2018. година, кога дебитираа овие модели (со исклучок на True Tone технологијата), но изгледа дека не очекува поголема надградба на уредот.
Извор на сајтот MacRumors тврди дека освежениот MacBook Air ќе биде претставен во текот на следната недела. Не е познато какви измени ќе претрпи лаптопот, но се очекува дека Apple ќе додаде поотпорна switch тастатура, која ја претстави со 16-инчниот MacBook Pro модел.
Надградба би можеле да добијат и процесорот, звучниците, а многумина се надеваат дека Apple оваа година ќе го зголеми просторот за складирање над 128 GB, колку што се достапни сега.
Сите наведени информации потребно е да се земат со резерва, бидејќи не се официјално потврдени. Од друга страна, реномираниот аналитичар Минг-Чи Куо неодамна истајкна дека очекува надградени MacBook Air и MacBook Pro модели во текот на второто тримесечје од оваа година.