Северница (Алфа Мала Мечка), позната и како Ѕвезда водилка, е најсјајната ѕвезда во соѕвездието Мала Мечка. Сместена е многу блиску до Северниот небесен пол и во моментов е поларна ѕвезда.
Астрофизичарите добиваат податоци кои се разликуваат од сознанијата коишто ги имаат досега и покрај прецизните податоци, додека ѕвездата Северница ги заслепува и најнапредните телескопи.
Веќе со векови наназад, оваа ѕвезда која се наоѓа точно над Северниот Пол им служи на патниците да се ориентирааат и без компас.
Последните истражувања покажуваат дека не знаеме многу за оваа ѕвезда, како и за тоа дека таа не се совпаѓа во ниту еден модел на ѕвезди кој го применуваат астрофизичарите.
Постојат неколку начини како астрофизичарите ја пресметуваат масата, староста и оддалеченоста на ѕвездите како што е Северницата.
Една од нив е методата која е наречена „модел на ѕвездена еволуција“. Со оваа метода научниците го проучуваат сјајот, бојата и темпото со која ѕвездата пулсира, а потоа овие податоци се користат за да се одреди големината на ѕвездата, интензитетот со кој таа сјае и во која фаза од животот се наоѓа. На овој начин астрофизичарите со помош на математички пат можат да ја утврдат оддалеченоста на ѕвездите од Земјата.
Моделите коишто ги применуваат астрофизичарите се сосема прецизни. Но, добиените податоци од вселенскиот телескоп Hubble имаат несовпаѓања со податоците коишто досега се знаат.
Научниците претпоставуваат дека дошло до грешки во мерењето, со оглед на тоа дека Северницата се наоѓа над Северниот Пол на Земјата над домет на височина на секој телескоп, а прецизните телескопи се наменети за набљудување на ѕвездите кои се оддалечени и се со послаб сјај.
Постои уште една теорија која вели дека ѕвездата Северница настанала со судирот на две ѕвезди пред неколку милиони години што ја ревитализирало, а тоа може да објасни научно бидејќи ниту еден модел не може да се примени кога станува збор за мерење на оваа ѕвезда.
Астрофизичарите се согласуваат со ова тврдење, иако не се пронајдени потемелни докази. Ѕвездата Северница и понатаму останува мистерија.
Извор: Klix.ba