Заразените апликации се преземени од околу 6 милиони корисници пред Google да ги отстрани од Play Store. Сите апликации биле бесплатни.
Компанијата Check Point препознала нова варијанта на малвери за Android која испраќа лажни СМС-пораки и наплаќа лажни услуги без знаење на корисникот. Името на новиот вид вирус е „ЕкспенсивВол“ – изведено од името на тројанската апликација „Лавли Волпејпер“.
Ова семејство на вируси досега е преземено 21 милион пати. Опцијата што семејството на вируси го прави поопасно од другите семејства е тоа што е спакувано со камуфлажна техника, поради што елегантно ги заобиколува заштитните филтри на Google Play.
За заканата компанијата го известила Google на 7 август. По неколку дена откако од Google го послушале предупредувањето и ги избришале апликациите, се појавила друга верзија на вируси која успеала да зарази уште 5.000 уреди.
Треба да се нагласи дека бришењето апликации од мобилниот телефон не го брише вирусот што пристигнал со нив. Корисниците што ги симнале заразените апликации и понатаму се загрозени и треба самите да ги отстранат од своите уреди.
Извор: Факултети.мк