Научници од универзитетите од Ајова и Колорадо велат дека пронашле нови докази дека античката Земја била едно големо непрекинато водено пространство без ниеден континент, односно целосен воден свет.
Во рамките на истражувањето, објавено во списанието Nature Geoscience, биле истражувани антички примероци на морско дно најдени во Австралија и биле пронајдени хемиски траги дека Земјата била целосно сина планета. Научниците велат дека ова откритие може да има големи импликации во однос на историјата на животот.
Клучниот пронајдок, според геологот Бенџамин Џонсон, е тоа што кога Земјата била млада, пред околу 1,5 милијарда години, нејзиниот океан пливал со изотопот кислород-18. Сега, како што објаснува тој, континенталната земја „цица“ голем дел од кислород-18 од водата. И во овие антички примероци тој видел изобилство од истиот. Па, изобилството од кислород-18, според теоријата, имплицира сценарио на воден свет.
Џонсон вели дека откритието може да ги помести параметрите околу потеклото на животот на Земјата.
„Ако нашиот труд е точен, тоа значи дека бројот на животни средини на копно за појавување и еволуција на живот бил многу мал или воопшто ги немало до пред некои 3,2 милијарди години“, истакна тој.