На официјалниот форум на интернет порталот Anandtech се појави скриншот на PowerPoint апликацијата на кој се прикажани некои од идните процесори на Intel, што му припаѓаат на high-end сегментот од пазарот. Во презентацијата се споменуваат моделите од идната Skylake-X генерација, освежени модели од актуелната KabyLake серија процесори, но најинтересно е што се споменува и новата серија Core i9 процесори.
Така Core i9 7920X Skylake-X процесорот ќе го претставува самиот врв на Интеловата понуда со 12 процесорски јадра i 24 thread-а и ќе биде силна конкуренција на Ryzen Whiteheaven процесорите на AMD со 16 јадра и вкупно 32 thread-а. Следниот споменат процесор е Core i9 7900X (исто така од Skylake-X генерацијата) што донесува 10 процесорски јадра на основен такт од 3,3 GHz и вкупно 20 thread-ови. На Skylake-X уште и припаѓаат и Core i9 7820X (8 процесорски јадра) и Core i9 7800X (6 процесорски јадра).
Севкупно, Core i9 Skylake-X процесорите ќе поддржуваат максимално 1 MB L2 cache по јадро, максимално 16,5 MB L3 cache, четириканална меморија на 2667 MHz, ќе имаат TDP od 160 W и поддршка за максимално 44 PCI-Express патеки. Intel Core i9 7920X се очекува на пазарот во текот на август оваа година.
Што се однесува до освежувањата во понудата на Kabylake процесорите, се споменуваат четиријадрените Core i7 7740K и Core i7 7640K.