Почна да се зборува и за тоа. Фабриките кои беа затворени, или се уште се, поради ширењето на коронавирусот во Кина, доцнат со испорака на делови. Кога е во прашање потрошувачката електроника, би можело да дојде до доцнење на испораката на самите уреди, па веројатно ќе дојде до недостаток на одредени производи.
Според истражувањето на IPC, досега околу 65 проценти од производителите на електроника изјавиле дека ширењето на коронавирусот ќе резултира со доцнење на испораките. Како што стојат работите досега, доцнењето ќе трае помеѓу 4 и 6 недели. IPC направи истражување во договор со околу 150 најголеми производители на електроника, во кои се вклучени производители на сите видови електрични уреди, од телефони, кутии, до автомобили итн.
Коронавирусот, исто така, влијаеше оваа недела да биде пустош на финансиските пазари, бидејќи акционерите стравуваат оваа ситуација да не премине во глобална пандемија. Меѓутоа, одложувањето на инвестирањето и веќе планираните акции може да доведе до исклучително лош прв квартал, барем кога се во прашање финансиите.
Се поставува прашањето зошто коронавирусот ја погоди баш IT индустријата во оваа мерка. Одговорот е многу едноставен, и лежи во фактот дека целата IT индустрија во светот практично зависи од производството на компоненти, кое во најголем дел се одвива во Кина. Кога таквите фабрики ќе прекинат со производство, тогаш целите ланци на производство, логистика и продажба мораат да застанат.