Од Apple го најавија High Sierra, најновата верзија на MacOS уште во јуни на WWDC, а бета верзијата на оперативниот систем се тестира веќе со месеци. Сега, конечно е подготвена финалната верзија која ќе биде достапна на 25. септември.
High Sierra е целосно бесплатен и компатибилен со секој Mac компјутер кој што е произведен од 2009 година до денес. Но, новиот оперативен систем би можел да има проблеми со компатибилноста кај постарите апликации. Само како пример, постарите верзии на Final Cut и Logic програмите на Apple не се компатибилни.
Новиот оперативен систем ќе донесе повеќе простор на компјутерите на Apple, ќе го забрза извршувањето на одредени задачи, бекапот ќе биде полесен, а ќе биде овозможена и поддршка за екстерен GPU и VR уред.
Ова е прв пат Mac да добие поддршка за виртуелна реалност, односно да биде компатибилен со SteamVR и HTC Vive VR хедсетот. Новиот HEVC видео кодек ќе го направи видеото да биде помало.
High Sierra носи и подобрување на функциите кај некои апликации како што се Photos, Safari, Mail, Notes, Siri и Sporlight. На пример, автоматското стартување на видеа кај Safari ќе може да се блокира и слично.