WWDC 2017 ќе се одржи од 5 до 9 јуни во Сан Хозе, а иако се работи за примарно софтверски настан на кој се очекуваат надградби на iOS, macOS, tvOS и watchOS, оваа година на конференцијата би требало да бидат претставени и два нови хардверски уреда
Аналитичарот Минг-Чи Куо од аналитичката компанија KGI Securities е познат извор на информации за Apple, а многу често е точен во своите прогнози што се потпираат на информациите од синџирот на снабдувачи. Овој пат се позанимава со производите кои Apple би требало да ги претстави на претстојната програмерска конференција.
WWDC 2017 ќе се одржи од 5 до 9 јуни во Сан Хозе, а иако се работи за примарно софтверски настан на кој се очекуваат надградби на iOS, macOS, tvOS и watchOS, оваа година на конференцијата би требало да бидат претставени и два нови хардверски уреда.
Минг-Чи Куо наведува дека пред се станува збор за 10,5-инчниот iPad Pro што би требало да го краси сосема нов дизајн. Според Куо, рамките на уредот ќе бидат намалени, па на предната страна ќе доминира големиот екран, скоро од раб до раб, најавувајќи ја и следната генерација на iPhone. Во однос на големината на уредот, iPad Pro би требало да биде сличен на 9,7-инчниот модел, но поради потенките рабови би требало да има дисплеј со значително поголема дијагонала.
Вториот производ што би можел да биде претставен на почетокот на јуни е паметниот звучник на Apple, за кој веќе почнаа разни гласини. Би требало да биде мал уред со звучник и екран и да работи врз основа на гласовниот виртуелен асистент Siri. Што се однесува до Siri, би требало да доживее позначајни софтверски надградби што ќе бидат најавени на годинашниот WWDC.