Веруваат дека големото ослободување на енергија настанало од супермасивна црна дупка.
Научниците забележале знаци од досега најсилната експлозија во вселената, пет пати посилна од било која воочена претходно, објави BBC.
Веруваат дека големото ослободување на енергија настанало од супермасивната црна дупка, од Земјата оддалечена околу 390 милиони светлосно години и дека оваа појава зад себе оставила џиновска вдлабнатина во галаксијата Ophiuchus.
Астрономите веќе долго го проучуваат овој голем збир на галаксии, бидејќи забележаа дека има невообичаено закривен раб. Веруваат дека причина за тоа би можела да биде големата група на илјадниците одвоени галаксии, меѓу кои конфлуираат жешките плинови и темната материја.
Сега сметаат дека причина за тоа би можела да биде големата шуплина во рамки на плиновите, кои се наоѓаат во тој галактички збир, а настанала како последица на емисиите од средишната црна дупка.
Најпрвин, се сомневаа во ова објаснување, бидејќи вдлабнатината е многу голема. Имено, во неа би можеле да се сместат 15 Млечни патишта (од нашите галаксии) по ред.
Но, нивната теорија ја потврдија податоците добиени од телескопите на Murchison Widefield Array (MWA) во Австралија и Giant Metrewave Radio Telescope (GMRT) во Индија.
„На некој начин, оваа експлозија е слична на начинот на кој ерупцијата на вулканот Mount St. Helens во 1980. година го откина врвот на планината“, истакна Симона Гиачинтучи од Поморската истражувачка лабораторија во Вашингтон, која е воедно и главен автор на студијата.
Резултатите од истражувањето наречено „Discovery of a Giant Ross Fossil in the Ophiuchus Galaxy Cluster“ беа објавени во научното списание The Astrophysical Journal.