Honor како и својата мајка компанија Huawei, исто така се труди да се прилагоди на актуелната ситуација, која доведе до забрана на користење на Google Mobile сервисот. Компанијата доста напори вложува во креирање на алтернативни решенија, а сега ги претстави телефоните – Honor 9X Pro и V30/View 30 Pro, кои донесуваат напредок на ова поле.
Кога е во прашање „глобалната“ природа на овие телефони, тоа значи дека повеќе нема апликации специфични за Кина, а тие се заменети со решението на Huawei – HMS (Huawei Mobile Services). Кога е во прашање хардверот, Honor View 30 Pro и 9X Pro глобалните верзии се идентични на своите кинески модели.
Honor 9X Pro има 6.59-инчен FHD+ IPS дисплеј, без засек, благодарение на перископ дизајнот за 16MP, f/2.2 селфи камера. Телефонот го покренува Kirin 810 чипсет во комбинација со 8GB RAM и 128Gb/25GB простор за складирање, кој е можно да се прошири преку microSD картичка.
Главната камера на телефонот има 48MP f/1.8 сензор, а ја следат 8MP f/2.4 ултраширок и 2MP сензор на длабочина. Сето ова го напојува батерија од 4000mAh, а тука се и 3.5mm приклучок, FM Radio и сензор за отпечатоци од прсти од страна на рамката.
Honor 9X Pro најпрвин ќе се најде во понудата на неколку пазари во Европа (Франција, Германија, Холандија, Велика Британија) од март, по почетна цена од 249 евра.
Honor V30 Pro глобално ќе се појави под друго име – View 30 Pro, но пристигнува со истиот 6.57-инчен IPS екран и FullHD+ резолуција. Во екранот се наоѓа punch-hole отвор за две селфи камери: 32MP f/2.0 главна и 8MP f/2.2 ултраширока.
Телефонот го покренува Kirin 990 5G чипсет, со 8GB RAM, 128GB или 256GB простор за складирање. Тука е 4100mAh батеријата со 40W брзо и 27W безжично полнење. Телефонот нема слот за проширување на просторот за складирање, како ни 3.5mm приклучок и FM Radio поддршка, но тука се IR бластер и NFC.
Honor View 30 глобално ќе дебитира во Русија, а цената на телефонот ќе биде накнадно објавена.