Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим, Ромул.
Малата одаја со обичен саркофаг долг 1,4 метри и округла камена структура за која се претпоставува дека била олтар, е пронајдена уште на почетокот на минатиот век во стариот римски Форум, но значењето на откритието стана јасно дури по новите ископувања и итражувања.
Алфонсино Русо, директор на Археолошкиот парк Колосеум, рекол дека локацијата веројатно потекнува од 6. век пред ноата ера и дека е сместена во најстариот дел на градот кој директно е поврзан со текстовите за местото на кое е погребан кралот на Рим.
„Локацијата е симболична. Тоа сигурно не може да биде гробот на Ромул, туку место на сеќавање, кенофат (почесен споменик, празна гробница подигната за спомен на покојник што умрел надвор од татковината или во војна, а телото не е пронајдено)“, рекол тој за „Ројтерс“.
Во светилиштето не се пронајдени коски, но археолозите најавуваат дека имаат други знаци кои упатуваат на тоа дека тоа би можело да биде гробот на првот римски владетел.
Според легендата, Ромул го основал Рим со својот брат близнак Рем на 21 април 753 година п.н.е..Подоцна Ромул го убил брата си и станал прв римски владетел.
Историчарите се поделени околу тоа дали браќата Ромул и Рем, кои според легендата ги одгледала волчица, навистина постоеле. Во историјата на Рим периодот на владеењето на Ромул се темели на римската митологија и не може да се смета за веродостојна, според едни.
Ромул владеел со Рим 40 години. Не се знае како умрел. Според една верзија, исчезнал во невреме, додека според друга него го убиле и масакрирале римски сенатори.