Компанијата SpaceX успешно лансираше нова група од 60 Starlink сателити, но остана без Falcon 9 ракетата.
Откако лансирањето беше извршено ракетата требаше да се врати на дрон брод, но го промаши и заврши во морето. Ова е прв ваков случај во скоро 4 години, последната Falcon 9 ракета го промаши дронот брод во јуни 2016 година
Ракетата претходно беше користена за мисијата CRS-17 во мај 2019 година, потоа за мисијата CRS-18 во јули 2019 година, како и за мисија во декември 2019 година.
Успешните слетувања позитивно влијаеја на деловниот успех на компанијата бидејќи што повеќе ракети сочува толку повеќе може да ги користи за наредното лансирање, а со тоа се намалуваат трошоците.
Не е познато зошто ракетата ја промаши целта при слетување.
Извор: Klix.ba