Уште една апликација за допишување, замислена како конкуренција на WhatsApp е официјално недостапна за преземање за iOS и за Android. Се работи за наводна шпионажа, односно непочитување на приватноста на корисниците.
Програмата ToTok стекна огромна популарност во Обединетите Арапски Емирати, со обѕир на што WhatsApp и Skype се блокирани во оваа земја. Се чинеше како добра алтернатива, па ги надмина очекувањата, наметнувајќи се во повеќе земји.
Причината за забраната е кршење на правилата. Подробности засега, не се соопштуваат.